Според Редовното соопштение кое го издаде Народната Банка, може да се заклучат следните 2 позначајни движења движења во финансискиот систем:

  1. Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити и натаму се намалува и се
    сведе на 5,26%, што претставува пад од 0,02 п.п. во однос на претходниот месец.
    На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,41 п.п. Просечната
    каматна стапка на вкупните депозити и натаму е на нивото од 1,42%, без промени
    во последните три месеци, додека во однос на март минатата година е намалена за
    0,06 п.п.
  2. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во текот на март,
    забележа месечно зголемување од 0,08 п.п. и изнесува 4,84%, додека споредено на
    годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,08 п.п.
    Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,42% и на
    месечна и годишна основа се намали за 0,14 п.п. и 0,05 п.п., соодветно.

Според извештајот на НБРСН овие движења можеме да ги окарактеризираме како поволни, со бенефит за домаќинствата и корпоративниот сектор, како и предвесник за позасилена коњуктура на економијата во иднина.

Исто така особено е значаен падот на каматите на кредитите во корпоративниот сектор, што е стимул плус за македонските прептријатија за поголема доверба и стимул за инвестиции во иднина.