Ова ќе има сериозни последици за економијата на најнаселената земја во светот, велат аналитичарите

Населението на најбројната земја во светот може да го достигне својот врв шест години порано од очекуваното, пишува за CNBC Абигејл Над во соработка со Јен Ниј Лиј и Ројтерс.

Кинеското население веројатно ќе престане да расте во 2023 година, според истражувањето на онлајн компанијата Global Demographics и аналитичката фирма Complete Intelligence. Слично на ова тврдење, кинеската влада проценува дека земјата ќе го достигне својот врв во 2029 година.

“Гледаме дека плодноста забавува многу брзо”, рече Тони Неш, Главен извршен директор и основач на Complete Intelligence. “Луѓето очекуваа врвот на населението да дојде деценија подоцна, но тоа е зад аголот”.

Според извештајот падот во наталитетот се должи на намалувањето на жените во фертилна возраст (15-49 години), кои се очекува да се намалат до 318 милиони во 2023 година од сегашните 346 милиони. Според студијата се предвидува дека во 2023 г ќе се родат 13,3 милиони Кинези за разлика од 15,2 милиони родени минатата година.

Кина започна олабавување на политиката за едно дете кон крајот на 2013 година, за да се справи со стареењето на населението, икако тоа првично помогна околу наталитетот, но ефектот од оваа политика веќе е исцрпен.

Бројот на раѓања на 1000 жени нагло се зголеми од 45,6 во 2015 година на 49,9 во 2016 година, кога на кинеските двојки им беше дозволено да имаат две деца. Во 2018 година, сепак, бројката драстично се намали на 43,9, со што вкупниот број на раѓања се намали за 12% во споредба со 2017 година.

“Кина успешно го стабилизира населението, но одложувањето на олабавувањето на политиката за едно дете значи дека сега има помалку жени во фертилна возраст”, посочува Клинт Лорант, основач на Global Demographics. “Кинеската влада навистина нема што да направи, за да се зголеми бројот на бебињата, како што е малку веројатно дека жените ќе се одлучуваат да раѓаат повеќе со богатењето на населението”, забележува Неш.

Намалувањето на населението во Кина, најверојатно, ќе влијае негативно на некои бизниси, особено на оние кои биле поставени да се соочат со сигналот за лажен бум во последниве години.

“Бебешките и детските продукти ќе бидат првите што ќе бидат погодени”, вели Неш. Потрошувачките компании, наместо да се потпираат на порастот на пазарот, сега ќе мора да се борат за удел на пазарот. “Ситуацијата ќе стане се поконкурентна”, вели тој.

За разлика од САД, каде што има голем пазар за корисниците родени во новиот век, во Кина по бејби-бум от ќе се појави празнина.

Намалувањето на стапките на наталитет во Кина даваат значително влијание врз претшколските бизниси, како што се играчките и дневната нега. Училиштата исто така ќе треба да се прилагодат на намалувањето на бројот на студенти во иднина.

Дури и иднина потрошувачката, исто така, може да падне поради зголемувањето на односот помеѓу неработењето и работењето. “Овој однос ќе се влошува по 2023 година Луѓето ќе трошат и штедат помалку, штом ќе треба да се грижат за помалку деца а повеќе за возрасни”, посочува Неш.

Според него Кина, заедно со остатокот од Северна Азија, ќе мора сериозно да се посвети на автоматизацијата, за да задржи конкурентските предности.

По 2023 година земјите од Југоисточна Азија – Кореја, Јапонија, Тајван и Кина – ќе го достигнат максимумот на населението според предвидувањата. “Со цел овој дел од светот да продолжи да произведува околу 35% од стоките на глобално ниво, тој ќе мора сериозно да се сврти кон автоматизацијата”, рече Неш.

Без прилив на млади во работната сила, на Кина ќе и биде многу потешко да има просечна потрошувачка на работник кој е конкурентен глобално, истакнува Неш. “Може да има сериозна миграција на неквалификувана работна сила од земји како Бангладеш и Виетнам, штом платите во Кина ќе се кренат.”

Според него, покрај грижите за бизнисот и економијата, друга нелагодност е нееднаквоста во приходите. “Со намалувањето на населението, економската мобилност на луѓето исто така опаѓа”.