Почитувани фанови на БанкоМетар.мк, согласно анализата која тимот на БанкоМетар.мк ја спроведе во делот на потрошувачките кредити кои ги нудат банките во нашата земја, за месец Мај 2019 година го препорачуваме Краткорочниот потрошувачки кредит на Халк Банка А.Д. Скопје.

Во однос на критериумите за избор на овој кредит влијаеа следните околности:

  1. Професионален, стручен, љубезен и експресно брз одговор од страна на вработените во банката
  2. Солиден износ до 120.000 денари
  3. Ниска каматна стапка од само 6% што е една од најниските и најконкурентните на пазарот ( СВТ 6,14%)
  4. Провизија за обработка на барањето 0 денари
  5. Провизија за предвремена отплата на кредитот 0 денари

Сметаме дека овој кредит може да Ви задоволи и реши многу финансиски потешкотии во пролетта или пред летото, а е прилично и соодветен доколку го користите за туристичка намена т.е. можете со ваков тип на кредит да го испланирате и летниот одмор.

Доколку сакате подетално да се запознаете со условите за овој кредит или да аплицирате, тоа можете да го извршите на следниот линк : Краткорочен потрошувачки кредит на Халк Банка