ВАШИНГТОН ( Ројтерс )- Турција очекува САД да не ја спроведат одлуката за прекин на преференцијалниот трговски третман на земјата во рамките на програмата со која е дозволено извесен извоз да влезе во САД без давачки, објави турската амбасада во Вашингтон во петокот.

Трговскиот претставник на САД на почетокот од март рече дека Турција повеќе не може да учествува во програмата за генерализиран систем на преференции (ГСП), бидејќи “е доволно економски развиена”.

“За да ја достигнеме целта од 75 милијарди долари трговска размена, изложена од претседателот Ердоган и претседателот Трамп за меѓусебна трговска размена меѓу Турција и САД, во повеќе наврати, на американската страна, им ги соопштувавме нашите очекувања дека сите мерки кои опструктивни за меѓусебна трговија треба да бидат отфрлени” соопшти турската амбасада во изјавата за Ројтерс.

“Во овој контекст, нашето очекување дека одлуката за прекинување на обележувањето на ГСП на нашата земја нема да се спроведува”, додаде тој.

Трговскиот преставник на САД на почетокот од март рече дека отстранувањето на Турција од програмата нема да стапи на сила најмалку 60 дена по известувањата за Конгресот и турската влада, а тоа ќе биде донесено со претседателско прогласување.

Минатиот август ова тело соопшти дека ја разгледува можноста за исфрлање на Турција од програмата, откако Турција наметна одмазднички тарифи за американските стоки како одговор на американските челични и алуминиумски тарифи.

Турција е една од 120-те земји што учествуваат во ГСП, најстарата и најголема програма за трговија на САД. Таа има за цел да го промовира економскиот развој во земјите-кориснички и територии преку елиминирање на давачките за илјадници производи.

САД увезоа 1,66 милијарди долари во 2017 година од Турција во рамките на програмата ГСП, што претставува 17,7 отсто од вкупниот увоз на САД од Турција, според веб-страницата на USTR.

Главните увозни категории на ГСП беа возила и делови од возила, накит и благородни метали и камени делови и статуи, се вели на веб-страницата.