ТЕЛ АВИВ ( Ројтерс ) Alphabet (мајка компанија на Google ) денес објави четиримесечна програма во Израел која ќе им помогне на стартапите да растат на глобално ниво со помош на своите експерти и алатки.

Програмата Лабораторија за стартување на Google избра осум компании, откако пилот-проектот бил завршен во 2018 година.

“Ова е програма за стартапи што го започнуваат периодот на раст или имаат предизвици за спроведување на растот”, рече Лиор Ној, водечки раководител за раст во Google, за Ројтерс.

Форматот, кој обезбедува увид во индустријата за да се постигне раст во разни географски региони, е прв за Google, додаде тој.

Осумте фирми ја вклучуваат и “Guesty”, платформа за краткорочно управување со имотот, и DayTwo, која обезбедува персонализирани прегледи за исхрана базирани на цревни бактерии.

Ној рече дека програмата ќе се одржува три пати годишно и Google ќе продолжи да работи со стартапите дури и по завршувањето на нивните програми.

“Имаме неколку тимови кои работат со компании кои се позрели и така им даваме најдобар тим за да го продолжи нивниот раст”, рече тој.