Нивното богатство изнесува 445 милиони фунти

Богатството на живите членови на групата Queen го надмина богатството на кралицата Елизабета II, објави  Sunday Times, кој состави листа на најбогатите Британци.

Харизматичноста на Фреди Меркјури и успехот на филмот “Боемска Рапсодија” го зголеми богатството на музичарите Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дијкен на 445 милиони фунти. Тоа за првпат го надминува богатството на британската кралица, кое остана непроменето на 370 милиони фунти.

Оваа година, секој од трите музичари е побогат за 25 милиони фунти.

Кралицата Елизабета II ја предводеше листата на најбогатите луѓе во Велика Британија пет години – од 1989 година до 1994 година, јави ТАСС. Потоа таа го отстапи првото место, бидејќи беа променети критериумите – не се опфаќаа во калкулацијата кралскиот недвижниот имот и нејзината збирка со уметнички дела, тврдејќи дека монархот нема контрола врз нив.

Во листата која ќе биде целосно објавена следниот викенд, состојбата на 71-годишниот гитарист Брајан Меј е зголемена од 135 милиони фунти во 2018 година на 160 милиони фунти во оваа година (210 милиони долари). Банкарската сметка на тапанарот Тејлор се зголемила на 155 милиони фунти (205 милиони долари), а на басистот Дијкен – на 130 милиони фунти (170 милиони долари). Дијкен за првпат во 2006 година влезе на листата најбогатите Британци

Филмот “Боемска Рапсодија” излезе на екранот во октомври минатата година. Приходите од неговите проекции низ целиот свет достигнаа околу 1 милијарда долари. Тој освои четири награди за Оскар оваа година.