Од 29 до 31 мај годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто ги организираат финансиските  регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Во текот на Деновите, институциите и компаниите, уште повеќе ќе ги отворат своите врати за сите заинтересирани граѓани, спроведувајќи бројни информативно-едукативни средби.

 

Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиска писменост, упатува

 

ЈАВЕН ПОВИК

до сите заинтересирани граѓани

 

за присуство на едукативни презентации во Народната банка на следниве теми:

–       Платен систем и платежни услуги – 29 мај;

–       Банкарски систем – 30 мај и

–       Монетарна политика – 31 мај.

 

Презентациите ќе се одржуваат во просториите на Народната банка со почеток во 14 часот. Ќе бидат наменети за слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.

 

Со цел организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес од граѓаните, сите заинтересирани лица треба да го најават своето присуство преку порака на:

 

–       еадресата [email protected] или

–       официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

 

Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.

 

За присуство на презентациите можат да се пријават и претставници/тимови на приватни компании.

 

Рок за пријавување: 27 мај 2019 година или до пополнување на максималниот број присутни, согласно со просторните капацитети.

 

 

Во текот на Деновите на финансиската писменост (29 – 31 мај 2019 година), во просториите на Народната банка ќе има и инфо-пулт, на кој во периодот од 10 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат одговор на нивните прашања од сферата на централнобанкарското работење кај нас. Заинтересираните ќе може да го посетат и Музејот на Народната банка.