Со ова уште еднаш сакаме да ги промовораме обновливите извори, но истовремено да направиме заштеди во домаќинствата, како и да промовираме заштита на животната средина. Имајќи го предвид искуството од претходните години би сакал да ги повикам сите заинтеерсирани од утре да почнат да се подготвуваат и да аплицираат во Министерството за економија. Со оглед на големиот интерес ги повикувам што побрзо да аплицираат, рече Бектеши.
Согласно повиците, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 30 јуни 2019 година, ќе им биде обезбеден поврат на дел од средствата до 30 проценти, но не повеќе од 15.000 денари.
За купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци со потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас, заклучно со 30 јуни 2019 година, ќе се реализира поврат на дел од средствата до 50 отсто но не повеќе од 25.000 денари, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена.
Единствениот услов е купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за конкретните намени врз основа на јавните огласи на Министерството за економија во претходните години.
За третата мерка за граѓаните – јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата за 2019 година, согласно Програмата ќе биде објавен во третиот квартал од 2019 година и со него е предвидено надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети со линеарна распределба по домаќинство, во зависност од пристигнатиот број на барања кои ги исполнуваат условите од програмата, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 20.000.000 денари.