Првиот робот во светот за берење на малини е ставен во погон во Велика Британија. Роботот, чив развој од идеја до реалност чинел 700.000 фунти за развој и изградба на истиот, може да собере 25.000 малини дневно – во споредба со луѓето, кои собираат 15.000 малинки во осумчасовна смена, истакнаа од Fieldwork Robotics. Одгледувачите низ Европа, САД и Кина се свртуваат кон автоматизација бидејќи се соочуваат со зголемени трошоци за работна сила и се борат да привлечат сезонски работници.