Вработените кои се во конфликт со колегите имаат поголема веројатност да го прифатат концептот “око за око” отколку “вртењето на другиот образ”, според истражувањето објавено во Journal of Applied Psychology.
Поголема е веројатноста да се одмаздиме против нашите ривали на еднакво, или на уште повисоко ниво, ниво на еднаква или повисока штета, откриле истражувачите. И така малиот конфликт ескалира во голем конфликт. Менаџерите кои се склони да им дозволат на соработниците да ги решаваат сами своите несогласувања и да ги дебатираат своите разлики, подобро е да интервенираат веднаш за да се избегне ефектот на „лавина“ на подоцнежната ескалација на конфликтот.