Нов предлог закон за заштита на потрошувачите и стратегија за заштита на потрошувачите 2019-2023 година ќе бидат презентирани денеска на завршната конференција за ИПА проектот „Техничка поддршка за развој на политиките за заштита на потрошувач.

Подготовката на законот и стартегијата се резултат од спроведувањето на проектот.

На завршната конференција се најавени обраќања на  министерот за економија Крешник Бектеши и на Никола Бертолини, шеф на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската унија. /МИА