Кинескиот старт-ап за електрични автомобили Aiways започнува со операции во Европа, се вели во извештајот на Фајненшл тајмс.

Шангајскиот производител на електрични автомобили објави планови преку кои ќе може да го понуди својот електричен SUV во ЕУ, Швајцарија и Норвешка од април 2020 година, што го прави првиот кинески електричен автомобил на тие пазари. Во обид да ги зголеми профитните маржи, Aiways ќе ги заобиколи традиционалните дилери и само ќе го понуди својот SU5 SUV преку онлајн лизинг – потег што може да ги привлече Европејците кои генерално се претпазливи и скептични кон кинеските брендови.