Руска компанија им нуди парични бонуси на жените за да носат фустани или здолништа за да работат во кампањата “феминистички маратон”. Женскиот персонал на производителот на алуминиум “Татпроф” кои носат фустан или здолниште “не подолгo од пет сантиметри од коленото”, добиваат 100 рубли повеќе на час (1,50 долари, 1,19 фунти) – но мора да испратат слика пред да им се исплати платата. Портпаролот рече дека извршниот директор Сергеј Рачков бил загрижен за “мешање на родовите улоги” и ја иницираше шемата со надеж дека ќе им овозможи на “женските работници да ја чувствуваат својата женственост и шарм” во фустан.