Работниците во најголемата фабрика во светот од Нутела се на штрајк. Околу 160 вработени во фабриката, Вилерс-Екалелес во Италија, која е и најголема фабрика во светот која произведува Нутела а е во сопственост на мултинационалната компанија Фереро и кои секојдневно произведуваат 600.000 тегли Нутела, ја блокираа фабриката од која бараат зголемување на платата од 4,5% и бонус од 900 евра. Производството на Нутела се соочи со неколку предизвици во последниве години, вклучувајќи ги и слабите приноси на лешници во Турција, големиот дефект што го затвори производството во февруари и барањето од францускиот министер дека популарниот бренд придонесува за уништување на шумите.