Краткорочните циклуси продолжуваат да постојат на пазарите

Најголемите стравови поврзани со следната рецесија – се дека тоа ќе биде во форма на стагфлација. Овие стравови можат да се насетат во повисоката економска фела нашироко низ светот.

“Краткорочните циклуси продолжуваат да се повторуваат на пазарите. Сликата е следна: позитивни вести излегуваат дека Кина и Америка седат на преговарачката маса за заедничка позиција. Потоа излегуваат негативни за да го засилат конфликтот. Мај е исклучително нестабилен за пазарите ” е заеднички заклучок на многу економисти.

Кина сфати дека одговарајќи на тарифите на САД, и тоа кон точно определени стоки, не постигнуваат голем успех, и затоа се насочија кон областа на ретките метали.

Посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Велика Британија покажа дека американскиот претседател бара брза трговска зделка со Велика Британија, се обидува да излезе од сликата на “човекот кој наметнува царини”. САД ќе се обидат да го сопрат подемот на Кина. Новите царински тарифи против Мексико пак се поврзани со имиграциските политики, од друга страна, и ова е порака до Кина дека Трамп е неотстаплив кога не се прифаќаат неговите услови, но е склон на попусти во спротивен случај.

“Стратегијата за победнички пазари до неодамна беше: инвестирање во акции, најризична компонента на развиените пазари. Немаше причина за сериозна финансиска катаклизма. Но во последните месеци во позадината на падот кај акции гледаме засилен интерес за државните хартии од вредност на САД, Германија, како и зајакнување на интересот за златото “, сметаат повеќе експерти.

 

 

Наум Димитровски