Почитувани читатели на БанкоМетар.мк

Дали животот дојде или не, останува Ваш субјективен заклучок, но она што нашата последна анкета која ја спроведовме го укажува, ни става на знаење дека нашиот граѓанин во над 2/3 мнозинство не е задоволен од својата плата и примања.

Имено, на последната анкета која ја спроведувавме и беше од отворен и доброволен карактер за учесниците, можеме да ги заклучиме следните цифри во однос на задоволството на македонскиот граѓанин во одос на својата плата:

  1. Високи 72% од гласачите се изјаснаа дека НЕ се задоволни од својата плата ( ова е над две третини од луѓето кои гласаа на анкетата и преставува апсолутно мнозинство во поглед на гласовите )
  2. Скромни 16% се изјаснаа дека се задоволни од својата плата, што е добро но е сепак многу мал процент
  3. Кога мислите дека цифрите се доволно лоши, само да нотираме дека зачудувачки 12% од гласовите кажаа дека воопшто не примаат плата т.е. се невработени.

Резултатите го отсликуваат она што долги децении го мачи македонскиот граѓанин, мали и недоволни примања и плати, и генерално незадоволство од стандардот и економијата во нашата земја.

Цифрите се тие што се, и редакцијата на БанкоМетар.мк нема намера да отсликува „розови“ слики таму каде што ги нема. Што е наредно што треба да се превземе за да се сменат овие цифри. Се разбира многу работа и стабилни закони.

Сакам да нотирам, дека генералните показатели на економската активност и зголемувачката коњуктура се исто така реални, и верувам дека во скора иднина ние ќе имаме добри стапки на раст а со тоа и платите ќе растат. Моменталните економски трендови во земјата се во оваа насока, но за жал, придобивките од овие трендови не се чувствуваат моментално, туку потребен е одреден временски период за да се ефектуира растот врз животниот стандард…

Оттука, да резимираме: Дали нашите граѓани се задоволни од моменталниот стандард? Со огромно мнозинство не… Дали сме оптимисти дека работите ќе се сменат кон подобро во овој поглед? Сметам дека ќе се променат во скора иднина и ќе има значајни подобрувања во платите и севкупниот стандард.

Дотогаш? Работа, работа и многу работа….

 

 

Наум Димитровски