Европските лидери алармираат дека нема да допуштат реализација на плановите на Фејсбук за воведување на своја криптовалута.

Цитирајќи ја загриженоста за прашања околу приватноста и перењето пари, францускиот министер за финансии, Бруно Ле Маир, вели дека Libra не може да “стане суверена валута”, додека германската членка на Европскиот парламент предупредува дека “Фејсбук” ризикува да стане “банка во сенка”. Гигантот на социјалните медиуми вчера ги објави плановите за партнерство со некои од најголемите имиња во плаќањата и технологијата за да ја лансира монетата следната година.