Берлин ќе ги замрзне цените на становите за изнајмување во следните пет години.

Планот, кој доби одобрување од градската влада, доаѓа по реакцијата на жителите што бараат подостапно домување. Кириите на живеалиштата во Берлин се зголемија за 7% во првите три месеци од годината и речиси двојно се зголемија од 2011 година, додека растечката популација ја надминува изградбата. Законот ќе се применува на 1,4 милиони живеалишта и станови и ќе стапи на сила во јануари ако биде усвоен.