Хемичарката Џунг Хуиџан се повлече од средното училиште каде што предавала хемија речиси десет години и се сврте кон фармацевтската кариера. Се покажа дека е добра одлука, бидејќи богатството на 58-годишната кинеска учителка денес се проценува на осум милијарди долари.

Нејзината фармацевтска компанија Ханза, се занимава со производство на психотропни лекови, во петокот дојде на берзата во Хонг Конг, а се проценува на 10,4 милијарди долари пазарната вредност. Како сопственик на 68 отсто од акциите во компанијата по ИПО Џунг може да биде “сериозно” богата со околу осум милијарди долари. Сепак, како што пишува Блумберг, Џунг не е најбогат член на нејзиното семејство. Богатството на нејзиниот сопруг Суна Пиојанга се проценува на 9,3 милијарди долари, благодарение на успехот на неговата компанија Jiangsu Hengrui Medicine, која произведува лекови против тумори.

По јавната понуда на акциите , Џунг и може да стане најбогатиот член во светот на фармацевтската индустрија,  Третиот најбогат во овој ред е , претседателот на Country Garden – Јанг Хуијанг со богатство од 21,4 милијарди долари и Ву Yajun, претседателка на Longfor група со 10 милијарди долари.

Според Блумберг, Џунг дипломирала хемија во 1982 година на Универзитетот во Џијансу, а до почетокот на 1990-тите години предавала хемија во средното училиште во Јан. Основана во 1995 година, нејзината компанија имаше огромен раст изминатите години. Тие се занимаваат со истражување и производство на лекови за рак, а минатата година тие оствариле приходи од 1,1 милијарди долари и профит од 280 милиони долари.