Ова се случува прв пат по 15 месеци
Цената на биткоинот го поминаа прагот од 10.000 долари за прв пат по околу 15 месеци, враќајќи повеќе од половина од параболичниот пораст што ги придвижи конвенционалните инвеститори кон дигитални средства пред да пукне ценовниот балон, објави Блумберг.
“Повторното раѓање на биткоинот не е невообичаено. Парите не се одвратија од дигиталната предност, туку само почекаа настрана да дојде вистинскиот момент за да се вратат “, вели Џорџ МакДонау, извршен директор и ко-основач на лондонската компанија за инвестиции во блокчејн и криптовалути KR1.
Најголемата криптовалута порасна за од околу 5% до околу 10.500 долари, според Битстамп. Биткоинот достигна историски врв од 19 511 долари во декември 2017 година, како забележа раст од 1400% за годината, кој сепак беше проследен со пад од 74% во 2018 година
Криптовалутата достигна дно од околу 3100 долари во декември минатата година и неколку месеци цената му гравитираше во опсег помеѓу 3300 и 4100 долари, пред да тргне нагоре на почетокот на април. Оттогаш таа постојано расте.
За разлика од минатата година сега има знаци за обновен интерес од страна на конвенционалните инвеститори кон криптовалутите и подобрената блокчејн технологија, а како најнов пример за враќањето на оваа индустрија е криптовалутата Libra на Facebook. Социјалната мрежа работи со широк спектар на партнери од Visa до Uber Technologies за развојот на системот и таа веќе привлече внимание и критики од политичарите, кои изразија загриженост за приватноста и безбедноста.