Летечкиот такси превоз може да помогне во транспортот на посетителите на Олимписките игри во Париз во 2024 година. “Ербас”, “Аеропортс де Париз” и “Парискиот транспортен орган” велат дека размислуваат да користат автономни летачки такси за движење на патниците на секои шест минути помеѓу аеродромот Шарл де Гол и локациите на турнирот. Меѓутоа, постојат проблеми кои прво треба да се надминат, вклучувајќи ги и подобрувањата на батеријата и безбедноста, како и обезбедување компатибилност со постојната инфраструктура и прописи. Само во САД, пазарот на такси во воздухот би можел да изнесува 17 милијарди долари до 2040 година, се вели во извештај на Deloitte.