За првпат по Индустриската револуција, повеќе електрична енергија се генерира од чисти извори на енергија отколку фосилни горива во Велика Британија, според National Grid. Нула-јаглеродни или ниско-јаглеродни извори на енергија, вклучувајќи ветерни, соларни, хидроелектрични и нуклеарни централи, сочинуваат 48% од електричната енергија во Британија во првите пет месеци од годината, што ja прави лидер во енергетските системи за намалување на јаглеродот и оставајќи го јагленот зад себе. Досега оваа година, Велика Британија помина околу 80 дена без да запали јаглен.