Иконaтa Ferrari 250 GTO и официјално е уметничко дело.
Со официјална пресуда, еден италијански судија го препозна моделот како целосно оригинално уметничко дело кое не може да се имитира или репродуцира. Овој потег доаѓа откако луксузниот производител на автомобили се пожалил на плановите на повеќе странски компании да создадат копии од возилото – проблем што производителите како Јагуар и Алфа Ромео се соочија исто така. Минатиот август, редок 1962 модел на Ферари 250 ГТО беше продаден за 48,4 милиони долари на Sotheby’s.