Почитувани клиенти,

Во насока на  унапредување на безбедноста и контролата во користењето на кредитните и дебитните картички во трговија, Стопанска банка од 01.07.2019  воведува максимален дозволен износ по трансакција и кумулативен трансакциски лимит во текот на еден месец за сите дебитни и кредитни картички издадени од Стопанска банка. 
•    Максимален дозволен износ на трансакција од 150.000 денари за дебитните и кредитните картички
•    Кумулативен трансакциски лимит во текот на еден месец во износ од 300.000 денари за дебитните и кредитните картички
•    Максимален дозволен износ на трансакција од 250.000 денари за Visa Gold дебитните и кредитните картички и Visa Business дебитните картички
•    Кумулативен трансакциски лимит во текот на еден месец во износ од 600.000 денари за Visa Gold дебитните и кредитните картички и Visa Business дебитните картички

 

Доколку имате потреба од средства поголеми од зададениот лимит или за повеќе информации обратете се во 24/7 контакт центарот на Стопанска банка на бројот 02/3100-109 каде врз основа на ваша верификација може лимитот да биде времено прилагоден согласно вашите потреби.

 

Стопанска банка АД – Скопје

75 години на ваша страна