Дехарбонизацијата на електричната мрежа на САД, процес кој ќе ги замени фосилните горива со обновливи извори на енергија (ОИЕ), може да ги чини 4,5 милијарди американски долари во форма на инвестиции во текот на следните 10 до 20 години, објави “Oilprice”, наведувајќи ги аналитичарите од глобалната консултантска фирма Вуд Макензи, чиј профил е директно поврзан со енергијата.
Таквото оддалечување од фосилните горива ќе бара инсталирање на 1600 гигавати на нова соларна и ветерна енергија. Ова е повеќе од достапниот капацитет на САД од 1060 гигабајти, од кои 130 гигабајти припаѓаат на ОИЕ.
Но, додавањето на капацитети нема да биде доволно за да се направи транзиција. Исто така, ќе биде неопходно да се изградат многу капацитети за складирање на енергијата, така што сончевите и ветерните електрани ќе бидат доволно сигурни за да ги заменат фосилните горива на долг рок. Според Вуд Макензи, ќе бидат потребни дополнителни 900 гигабајти капацитет за складирање за да се постигне оваа цел.
Овој вид промени нема преседан, вели консултантската компанија.
Предизвикот за постигнување на 100% удел во обновливите извори на енергија во енергетскиот микс далеку ги надминува капиталните трошоци на новите производни средства. Ќе биде неопходно да се реорганизираат пазарите на електрична енергија, како што се оддалечуваат од традиционалните енергетски конструкции до пазарот на капацитети, изјавуваат од Вуд Макензи.
Компанијата, исто така, има алтернатива. Ако 20% од американската енергија доаѓа од природен гас, ова би ги намалило трошоците за инсталирање на енергијата од ОИЕ за 20 отсто, додека трошоците за складирање на енергија за 60 отсто.