Семејството Киркби сака да ги купи акциите на Merlin Entertainments Plc за 4.77 милијарди фунти

Семејство Киркби кое ја поседува најголемата компанија за детски конструктор играчки Lego, влегува во соработка со американската корпорација Blackstone Group LP и Канадскиот пензиски фонд, за да ги откупат акциите на Merlin Entertainments PLC, известува Bloomberg, повикувајќи се на информации од Wall Street Journal. Компанијата е сопственик на Мадам Тисо и забавните паркови Леголанд.

Merlin Entertainments PLC објави дека прифаќа договор со конзорциумот за сума од 4,77 милијарди фунти, а со додавање на долгот, цената се зголеми на 5,9 милијарди фунти. Веста предизвика зголемување на цените на акциите на 14 отсто на почетокот на берзата денес (петок).

Британската компанија има 130 атракции во 25 земји ширум светот. Меѓу нејзините најсериозни средства се Legoland забавен парк и синџирот Sea Life Aquarium. Во изминатата година, 67 милиони посетители поминаа низ забавните паркови на Merlin Entertainments PLC, од кои се пријавени приходи од 1,65 милијарди фунти. Вработени во шпицот на сезоната се околу 28.000 работници.

ValueAct Capital е еден од инвеститорите во компанијата со 9,3% од нејзините средства. Продажбата во голема мера се должи на американските сосопственици.

Семејството Киркби се дански инвеститори кои поседуваат 75% од Лего. Тие веќе се сопственици на речиси 30% од Merlin Entertainments по договор од 2005 година, кој вклучуваше продажба на Legoland. Новата инвестиција изнесува околу 3,35 милијарди фунти.