Прашањето е колку ниските каматни стапки ќе генерираат раст и за колку долго овој процес ќе се повтори, велат Гордон Кер и Едвард Фармер

Европската централна банка (ЕЦБ) никогаш повеќе нема да ja подигне својата основна каматна стапка над нулата, смета основачот на Cobden Partners Гордон Кер, коментирајќи за Bloomberg.

“Никогаш повеќе нема да видиме зголемување на каматата над нулата од ЕЦБ. Каматата меѓу банките во Еуросистемот е минус 0,4%. Ако ја разгледуваме нерамнотежата во меѓународниот платниот систем TARGET 2, Германија предничи со вишок од околу 1 трилиони евра, за кои прима прима камата од 0,5% годишно за парите што ги зема од посиромашните делови од континентот. Токму овој систем ги поддржува јужните банки.

Santander, на пример, дава многу повеќе заеми на бизнисот на таксистите во Шпанија, кои возат Mercedes Benz ( до 80 илјади евра) бидејќи производството доаѓа од Германија. И за бизнисот не е рентабилно да го исклучи лизингот кон Mercedes бидејќи на преден план ќе излезе слабоста на шпанските банки. ЕЦБ има добри пораки, но никогаш нема да може да ја зголеми каматата “, вели Кер.

Основачот на Gobden Partners смета дека има две прашања пред ЕЦБ – балансот на банката преку ликвидни мерки и дисбалансите во Платежните таргети кои всушност не влијаат на самиот биланс на регулаторот.

“Целта е задржување на растот. Зачувај ги ниските камати продолжува растот. Прашањето е колку тоа ќе успева да генерира раст и колку долго ќе се репродуцира овој процес “, забележува Едвард Фармер.