Се очекува летот на „Еуровингс“ со првите патници од Штутгарт да слета во 9:25 часот.

Oд ТАВ Македонија соопштија дека утре на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ќе им посакаат добредојде на патниците на првиот лет од Штутгарт до Охрид со авиокомпанијата „Еуровингс“.

Настанот ќе се одржи в понеделник, 1 јули 2019, со почеток од 8:30 часот на платформата на Охридскиот аеродром.

На настанот е најавено да зборуваат г.Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија; г.Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и г-ѓа Живка Ангелоска, претседател на Советот на Општина Охрид.

Се очекува летот на „Еуровингс“ со првите патници од Штутгарт да слета во 9:25 часот.