Работата долги часови е лоша за нашето здравје.
Нова француска студија покажа дека долгите работни денови од 10 часа или повеќе го зголемуваат ризикот од мозочен удар, додавајќи уште една црна прибелешка на листата на проблеми што веќе се поврзани со неуспехот да одат рака под рака долгата работа и доброто здравје а се надоврзува на останатите ризици од „преработување“, како што се слабото ментално здравје и зголемување на телесната тежина. Околу светот, околу 22% од работниците остануваат повеќе од 48 часа неделно. Според доцентот на Универзитетот Бонд – Либи Сандер, загриженоста околу автоматизацијата, бавниот раст на платите и зголемената невработеност се некои од причините зошто вработените вложуваат се повеќе работни часови.