Nestlé отпочна со ново пакување за своја позната снек храна – направено целосно од хартија. Швајцарскиот гигант за храна вели дека се надева дека ќе го продолжи „YES! бар“ пакувањето и на другите кондиторски производи, како дел од нејзината заложба да се направи целокупното производство спакувано во пакувања кои се за еднократна употреба и ќе биде можно да се рециклираат сите нивни пакувања до 2025 година. Потегот, кој го нарекоа прв во индустријата, доаѓа откако компанијата беше критикувана од групацијата за заштита на животната средина Greenpeace поради тоа што не успеа да го намали производството на пластична амбалажа доволно брзо.