Најголемата пивара во светот се подготвува за најголемата јавна иницијална понуда на акции (ИПО) годинава.

Budweiser Brewing Co. APAC сака да подигне речиси 10 милијарди долари кога единицата на Anheuser-Busch InBev ќе пушти јавна иницијална понуда на акции ( ИПО) на 19 јули во Хонг Конг, објави The Wall Street Journal – најголемата досега понуда на акции од компанија за храна или пијалаци. Масивната (ИПО) јавна понуда на акции покажува дека инвеститорите го гледаат многу позитивно ветувањето за раст на продажбите на пивото во пазарите во Азија, бидејќи северноамериканските и европските пазари се намалија во обемот на своите продажби.