Стапката на наталитет во Италија достигна рекордно ниско ниво.

Минатата година во земјата се родени помалку од 440.000 деца, одбележувајќи го најнискиот број на раѓања регистрирани откако евиденцијата е создадена во 1861 година, според државниот статистички завод Истат. Освен тоа, Италија исто така доживува високо ниво на емиграција – 157.000 луѓе минатата година ја напуштија земјата, најголем број од 1990-тите. Како резултат на тоа, од 2014 година, популацијата на работоспособното население од 2014 година се намали за 2% – удар за нејзиниот економски потенцијал.