Нова Љубљанска Банка (НЛБ) е помеѓу потенцијалните кандидати за купување на Комерцијална банка во Србија , јавува Ројтерс.

За преземање на една од најголемите банки во Србија во моментов постојат шест заинтересирани купувачи, вклучувајќи ги Рајфајзен, АИК банка на српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ и американско-европскиот конзорциум, сочинет од Риплвуд Адвизорс, Директна банка и грчката Еуробанк.

Во НЛБ Србија ниту ја негираа, ниту ја потврдија шпекулацијата дека НЛБ се натпреварува за купување на Комерцијална банка, додека индиректно е потврдена веста дека во седиштето во Љубљана изјавиле дека српскиот пазар е еден од најголемите во регионот кој е во фокус на НЛБ Група.

Владата на Србија планира да продаде 83,23% акции на Комерцијална банка, поради што во мај ги објави критериумите за потенцијалните купувачи.

Министерството за финансии соопшти дека оваа недела примило шест важечки писма за изразување интерес, без да навлдгува во детали.