Првата пловечка фарма ( flowting farm ) во светот е изградена во Ротердам – Холандија.

Целта на иницијативата, рече дизајнерот Питер Ван Вингден, беше да го скрати растојанието помеѓу производството и потрошувачката на храна. Со се поголемиот дел од светската популација која живее во урбаните средини, побарувачката за свежа храна во градовите е во пораст.

“Ние, исто така, сакаме да го намалиме транспортот, бидејќи сега храна се транспортира низ целиот свет, со авиони и бродови и камиони, а тоа создава многу загадување и исто така создава загуби на храна”, рече Ван Вингден.

Овие факти, во комбинација со широкиот спектар на соларни панели на фармата, го прави лебдечкиот проект еко-пријателска алтернатива на сегашните земјоделски методи. Фармата, исто така, е дизајнирана да ја дестилира морската вода.

Пловната структура почна во мали размери, и во моментов вдомува само 32 млечни крави.