ПЕКИНГ ( Ројтерс ) – Кина ќе ги намали ризиците за прекуграничен проток на капитал и ќе продолжи да го отвора својот девизен пазар, соопшти девизниот регулатор денес (недела).

Регулаторот ќе ја продлабочи девизната реформа и ќе ја зајакне контролата врз нерегуларностите поврзани со forex – девизниот пазар, објави Државната управа за девизи во соопштението на својата веб-страница.