Дојче банк до 2022 година може да намали до 20.000 работни места т.е. една петтина од својата работна сила.

Главниот финансиски директор Џејмс фон Молке го нарече потегот “финално реструктуирање”. Германската банка има за цел да ги намали прилагодливите ( варијабилни ) трошоци за една четвртина до € 17 милијарди евра ($ 19 милијарди долари), но најверојатно ќе објави нето загуба од 2,8 милијарди евра ($ 3.1 милијарди долари) во вториот квартал од 2019 година. Банката, исто така, објави дека ќе се повлече од глобалните берзи за продажба и тргување со акции, и го намалија драстично обемот на инвестициското банкарство само два дена откако шефот за инвестициското банкарство, Гарт Ричи, поднесе оставка.