Турската лира денес ослабе за два отсто во однос на доларот откако претседателот Таџип Ердоан го отпушти гувернерот на централната банка.

Девизниот курс на лира моментално е 5.762 во однос на доларот, а во еден момент тој беше 5.8245 ова утро, бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од одлуката на Ердоан и влијанието врз независноста на централната банка.

Лирата ослабе за околу осум проценти оваа година, откако загуби 30 отсто од вредноста минатата година. Главниот индекс на турскиот пазар се намали за 1,5 отсто денес, а банкарскиот сектор ослабе за 2,3 отсто.

Аналитичарот Јусуф Кавак од Исик Секуритис рече дека очекува централната банка дополнително да ја намали основната каматна стапка на состанокот на 25-ти јули.

Гувернерот на централната банка беше отпуштен само неколку дена пред Турција да ја добие испораката на рускиот противвоздушен систем за воздушна одбрана, што може да го изложи на дополнителен притисок.

Гувернерот Мурат Јетинка, чиј мандат требаше да трае до 2020 година, беше заменет, а неговиот заменик Мурат Ујсал беше назначен на функција, според наредбата на претседателот Ердоган објавена во службен весник.