Комерцијална Банка А.Д. Скопје го лансираше новиот производ на пазарот на кредити, а тоа е Потрошувачкиот кредит до 30.000 евра со ЕУР клаузула
Со ненадминлива каматна стапка од 4,9% годишна, фиксна за првите 2 години и
5,9% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот Комерцијална Банка наметнува нов стандард на пазарот. Што го прави овој потрошувачки кредит ненадминлив и најповолен на пазарот моментално?
- Супер висок износ до 30.000 ЕУР ( ниту една банка не го нуди овој износ на потрошувачки кредит ) √
- Супер ниска фиксна камата од 4,9% ( ниту една банка не ја нуди оваа камата на потрошувачки кредит ) √
- Најниска Стапка на Вкупни Трошоци ( СВТ ) од 5,69% ( ниту една банка нема ваков СВТ на потрошувачки кредит ) √
- Одличен период на отплата до 120 месеци √
- Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот √
Кредитот е наменет за:
- Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време во јавната администрација, во правни лица прифатливи за Банката и во дипломатски странски претставништва, за кои не е задолжително својата плата да ја примаат на сметка на Банката. Вработените на определено време е неопходно да имаат непрекинат стаж во конкретната фирма од најмалку 12 месеци.
- Пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница и кои на крајниот рок на отплата на кредитот не надминуваат 62 години старост за жени, односно 64 години старост за мажи.
Имајќи ги во предвид сите овие елементи на кредитот, мислење на БанкоМетар.мк е дека во моментот нема подобра понуда за потрошувачки кредит на пазарот.
За повеќе информации и аплицирање за овој кредит, Ве молиме следете го следниот линк: Потрошувачки кредит до 30.000 евра со ЕУР клаузула