Вчера, во организација на единицата за локален економски развој при општина Охрид беше публикувана анкета за потребите на Охрид за основање на старт-ап центар во Охрид, каде ќе се помагаат младите Охриѓани при основање и водење на сопствен бизнис.
БанкоМетар.мк ја поддржуваа оваа идеја и смета дека е потребен таков старт-ап центар во Охрид од следниве причини :
- Охрид ја има најголемата стапка на исселување на млади луѓе во државата. Ваков старт-ап центар може да го успори овој тренд и градот да го задржи најголемиот потенцијал – човечкиот фактор
- Охрид го има најсилниот ИТ потенцијал во државата, споредено по глава на жител, со оглед на силно развиениот сектор, споредбено со другите делови на државата- иако за ова не постои научна студија
- Охрид има универзитет за ИТ технологии – за овој профил на луѓе старт-ап центар, инкубатор или дури и ко-воркинг простор е од особено значење
- Охрид е атрактивен град за фриленсери и луѓе со идеи. Ваков центар или бизнис акселератор ќе го стимулира населувањето ( привремено или трајно ) на ваков кадар. Да напоменеме – ваков тип на луѓе, луѓе со идеи, нови знаења и вештини се мотор за покренување на економскиот развој.
Но, се разбира, општината би сакала да го слушне и Вашето мислење, па за таа цел можете да гласате на следниов Прашалник
Наум Димитровски