Цената на биткоин се опорави кон крајот на јуни, при што го достигна највисокото ниво во 2019 година од речиси 14000 долари (26. јуни). Вкупната пазарна вредност на биткоинот сега изнесува 202,8 милијарди долари, што е за околу 67,1 милиони долари повеќе од вкупната вредност на сите останати криптовалути заедно.

Интересот за биткоинот и криптовалутите помеѓу некои од најголемите технолошки компании на светот како што се Facebook и Apple, укажува на се поголема доверба во биткоинот, криптовалутите и (blockchain) технологијата.

Уште една од причините за ценовното закрепнување од дури 200% во оваа година е т.н. “halvening”, со кој наградата за рударење на биткоин се смалува за половина. Моменталната награда за завршен еден блок изнесува 12,5 биткоини. Наградата за рударите се намалува за половина на секои неколку години, со цел инфлацијата да може да се држи под контрола. Во мај 2020 година наградата ќе падне 6,25 биткоини. Помалата вредност ќе го намали производството на биткоинот, што пак од друга стрна ја зголемува и неговата вредност. Помалата награда ќе го намали производството на биткоин, што пак ќе ја зголеми неговата вредност.

Исто така, лидерите на G20 земјите кон крајот на јуни (28-29) објавија заедничка декларација за криптовалутите на самитот во Осака, во Јапонија. Лидерите потврдија дека криптовалутите не претставуваат закана за светската финансиска стабилност и додадоа дека потребно е уште повеќе да се работи на нивната стандардизација.