Влошените економски изгледи ги поттикнаа пазарите да пресметаат пад на каматните стапки во текот на следната година
Фунтaта го достигна најниското ниво во последните две години, бидејќи сигналите за забавување на економијата ги засилија очекувањата дека централните банкари ќе треба да ги намалат каматите, соопштува Bloomberg.
Валутата падна на најниското ниво од април 2017 година по разочарувачките податоци за продажбата на мало и изгледите дека економијата на Велика Британија ќе се соочи со најлошите перформанси во кварталот од 2012 година.Така влошените изгледи на економијата ги зголемија ризиците за фунтата и пазари реагираа со пресметка за пад на каматните стапки следната година.
Фунтата е под притисок во последните недели поради политичките ризици во Велика Британија, бидејќи изборот на следниот премиер на земјата е во последната фаза, а укажува најверојатниот наследник на Тереза Меј – Борис Џонсон продолжува да ја форсира опцијата Brexit без договор.
“Изгледа се поверојатно БДП во вториот квартал да забележи пад за прв пат од крајот на 2012 и ако на ова се додадат и слабите очекувања за третиот квартал се повеќе почнува да се зборува за пристапување на Англиската централна банка кон глобалната тенденција за ублажување на монетарната политика “, коментира Џереми Рашири, експерт во канадската Imperial Bank of Commerce.
Фунтата поевтини за 0,06% во однос на доларот до 1,2443 долари – најниската нејзината вредност од април 2017 година. Еврото пак поскапе во однос на британската валута со 0,43% до 0,8998 фунти.