Младите инвеститори на возраст до 35 години ги користат секојдневните берзански вести, за да тргуваат со некои од најризичните акции, кои исто така се популарни брендови меѓу корисниците и домаќинствата, покажува извештај на TD Ameritrade.
Јавно инвеститорите ги оддаваат нивните преференции за трговија со “она што го познаваат”, заеднички инвестициски совет, иако не ги задоволува целосно принципите на книгата “Интелигентниот инвеститор” на таткото на инвестирањето во компании – Бенџамин Греам.
Инвеститорите со совети од горенаведениот брокер, често се впуштат во купување на акции од компании, како Tesla, Canopy Growth, Beyond Meat, Uber и Nvidia , според новото истражување од брокерската платформа.
Интересно – а можеби и загрижувачки за младите инвеститори, е дека сите од котираните компании, освен Nvidida, се непрофитабилни или проблематични компании. Покрај тоа, многу од нив прават солидни загуби!
Покрај тоа, не е јасно кога таквите компании ќе станат одржливи.
Комбинираните загуби за првиот квартал на Tesla, Canopy Growth, Beyond Meat и Uber изнесуваат: неверојатни 1.85 милијарди долари. Четири компании се очекува да бидат непрофитабилни во вториот квартал, според Yahoo Finance.
За сите оние кои бараат знак дека пазарот стана премногу „жежок“, или дека инвеститорите едноставно имаат корист од пазарната динамика, предизвикана од Федералните резерви, треба да се знае дека на темелот се обрнува минимално внимание …
“Тие купуваат акции на компании што ги знаат – но мора да ги истражат овие компании”, рече Ј. J. Киноан, стратешки партнер на ТД Америтреде.
Интересен е фактот што индивидуалните инвеститори се нето-продавачи на компании како што се Apple, Netflix, Snap Inc. и Сириус минатиот месец.
“Претпазливоста на инвеститорите ќе продолжи, дури и кога пазарите се вжештија во јуни, достигнувајќи највисоки вредности до средината на месецот”, рече Киноан. “Сепак, важно е да се погледне еден од главните фактори за релито – во овој случај, тоа е очекувањето за намалување на каматните стапки на ФЕД – што често е мотивирано од длабока несигурност за економија.”