Според претставникот на германскиот бизнис, министерот за економија, Питер Алтмајер, мора да се стави јасно до знаење дека увозот на ЕУ не претставува закана за САД
Германскиот бизнис се надева дека трговскиот спор меѓу САД и ЕУ ќе продолжи да се ублажува, пренесе ДПА, цитиран од агенциите.
“Во последниве месеци беше изгубена многу од довербата меѓу ЕУ и САД”, изјави вчера шефот на германската индустриска асоцијација (BDI) Дитер Кемпф за време на посетата на министерот за економија на Германија Петер Алтмајер на Вашингтон.
Според Кемпф, добро е што Алтмајер бара дијалог со американската влада.
“Наместо постојани закани за нови царини од Вашингтон ние имаме потреба од преговори за трансатлантскиот трговски договор”, изјави тој, додавајќи дека САД и ЕУ треба уште еднаш да се фокусираат на решавање на прашањата.
Претседателот на Германската индустриска асоцијација рече дека Алтмајер мора да објасни на своите политички состаноци дека увозот на ЕУ не претставува закана за националната безбедност на САД.
“Специјалните американски царини врз челикот и алуминиумот од Европа треба да бидат отстранети. Комплетен апсурд е да се тврди дека возилата и деловите за нив од ЕУ се ризик за американската национална безбедност”, рече Кемпф.
Според него, нема победници во трговските конфликти, а претседателот Доналд Трамп на крајот им штети на и на САД со својата трговска политика.