Во индустриската зона Визбегово денеска ќе биде отворена фабрика за композитни производи АТС груп, инвестиција од три милиони евра.
Производите од новиот капацитет се наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичката заштита и безбедност.
Според најавата од АТС груп, на отворањето на фабриката ќе се обратат сопственикот на компанијата АТС груп Шефшет Демировски и премиерот Зоран Заев.