Денес, (11/07/2019) криптоберзите покажаа ретко слаби резултати.

Имено, главните криптовалути изгубија околу 10% од својата вредност, што за трговија за еден ден е вистинска катастрофа.

Во прилог е моменталната состојба на цените на најголемите и најкористени криптовалути, од која може да се види и колку е падот по секоја валута:

Од чартот можеме да утврдиме дека Лајткоинот изгубил најмногу – 13% , додека најмалиот губитник „само“ 7,38 %. Најтргуваната криптовалута – биткоинот изгуби зачудувачки 10,78% за 24 часа што преставува своевидна катастрофа за инвеститорите.

Спротивно на трендот на пораст на цените на криптовалутите во последните денови, денеска беше катастрофален ден за нив.

Причините, најверојатно доаѓаат од се погласните забрани и негодувања од разни влади и регулаторни тела ширум светот во врска со криптовалутата која планира да ја воведе Фејсбук – Libra. Имено, со овој потег, голем дел од светот на финансиите им го сврти грбот на криптовалутите со актите на искажување на неподобност на оваа криптовалута во нивните земји. Libra најпрво беше оспорена од американските регулаторни тела ( читај : портпароли на Федералните резерви и гигантите од Вол Стрит ) па се до отвореното непријателство од кинескиот регулатор кој отворено изјави дека ни ја признава ни ја прифаќа Либрата за платежно стредство. Ваквиот епилог очигледно има инстант влијание на криптоберзите и ја искажува недовербата на голем дел инвеститори во поглед на крипто-асетите.

Иако непосредно криптовалутите почнаа да земаат замав, ваквите падови на берзите, кои можеме слободно да ги окарактеризираме како крах ( губејќи 10% во еден ден ), ни укажуваат дека ушѓте долго време ќе постои скепсата околу криптовалутите.

 

Наум Димитровски