Задолжувањето во светот континуирано расте со забрзано темпо од почетокот на глобалната финансиска криза во 2007 година, тоа води кон нови ризици за финансиската стабилност и за светскиот економски раст.
“Наместо да го намалуваат сопствениот долг, сите светски водечки економии денес се повеќе се задолжуваат во однос на сопствениот бруто домашниот производ (БДП), отколку што тоа беше случај во 2007 година”, тврдат економистите на McKinsey Global институтот.
Во студијата аналитичарите изнесуваат дека задолжувањето на економските субјекти, државите, компаниите, домаќинствата, порасна за 57.000 милијарди долари во периодот помеѓу 2007 и 2014 година и достигна сума од 199 000 милијарди долари. Глобалниот долг минатата година достигна 286 проценти од глобалниот БДП, додека во 2007 година изнесуваше 269 отсто од глобалниот БДП.
Учеството на вкупниот долг се зголеми на повеќе од 50 проценти од БДП во 14 од 22 развиени земји и кај 25 земји во развој опфатени со анализата.
Географски гледано Кина е еден од клучните проблеми што се должни на четири кратното зголемување на долгот од 7.400 милијарди во 2007 година на 28.200 милијарди во средината на 2014 година и достигна 282 проценти од кинескиот БДП во споредба со 269 проценти на САД. Ирска го зголеми својот долг за 172 проценти, Јапонија додаде 64 проценти и останува да биде со највисок процент на долг во светот со долг од 400 проценти од БДП.
Единствените земји кои успеале да ги намалат своите долгови беа Аргентина, Романија, Египет, Саудиска Арабија и Израел.
Јавниот долг на глобално ниво се зголеми за 25 000 милијарди долари и ќе продолжи да расте во многу земји, а голем број централни банки во светот ги намалуваат каматните стапки, со цел да се стимулира економскиот раст.
Напорите на најзадолжените земји во однос на намалување на буџетскиот дефицит може негативното да влијае врз економскиот раст.
Светските економии, со цел да бележат раст мораат се повеќе да се задолжуваат, а притоа имаат и потешкотии со раздолжувањето, ќе мора да научат да живеат на сигурен начин и покрај високите нивоа на долг, констатирано е во студијата.