Годинава тутунопроизводството се очекува да биде на ланското ниво од околу 25 милиони килограми но со многу подобар квалитет од лани поради погодните климатски услови за производство досега.
Сојузот на тутунарските здруженија ја поздравува акцијата на државата и побара да се засилат мерките за сузбивање на нелегалното производство на широко листен тутун и шверцот бидејќи се директна конкуренција за тутунопроизводството и егзистенцијата на 20 илјади тутунарски семејства кој од тоа живеат.
Тутунарите го поздравија и донесувањето на новиот закон за тутун во кој и самите имаат учествувано со свои предлози и сметаат дека од почетокот на 2020 година кога ќе почне новата реколта многу ќе им се олеснат бирократските процедури со тоа што се укинуваат евидентните листови. Задоволни се од просечната откупна цена која достигна 3,3 евра на што добиваат и евро до евро и триесет субвенција зависно од квалитетот но сметаа дека треба да се доближат цените по класи бидејќи сега има многу голем разлика меѓу втора и трета класа. Само на тој начин ќе се мотивираат и млади да се зафатат со ова производство кое носи по 100 милиони евра годишен девизен прилив за државата а кое во иднина е осудено на се помало производство бидејќи нема кој да го работи.