Многу штедачи во Германија успеаа да ги избегнат моментално ниските каматни стапки, бидејќи тие сѐ уште имаа стари штедни влогови со високи каматни стапки. Меѓутоа, пресудата на Федералниот суд во оваа земја овозможи банките и штедачите да излезат од несоодветна договорна врска.
Така, Sparkasse Nurnberg овие денови објави прекин на повеќе од 20.000 штедни влогови – депозити, објави “Handelsblatt”. Високата каматна стапка на договорите за штедење кои датираат од 2007 година се раскинуваат.
Од тогаш, стапката на каматите е опадната во еврозоната и финансиските институции мора да платат казни за депозитите кај Европската централна банка (ЕЦБ). Банките имаат загуби на многу штедни договори. Годинава банките, клиентите и потрошувачките здруженија се расправаат околу тоа дали и под кои услови банките можат еднократно да ги прекинат договорите за штедење на кои имаат загуби.
Сојузниот суд на правдата неодамна по еден предмет одлучи дека таков е случајот со премијата на договорите за штедење на Kreissparkasse Stendal, кој кога е постигнат во последната премијна фаза, купувачите добија максимален бонус во поглед на каматите.
Nürnberger Sparkasse е првата институција која во голема мера ја спроведува оваа одлука. Меѓутоа, веројатно ќе ја следат и други финансиски институции. Случајот во Nürnberger Sparkasse исто така ја покажува големата важност што старите договори ја имаат, особено за штедилниците и кооперативните банки.
Забрането превземање без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк