Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска на работна средба во Сојузот на стопански комори на Македонија ќе ги презентира измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Компаниите што членуваат во Сојузот, од сите сектори, ќе имаат можност да се запознаат со проширениот опсег за финансиска поддршка на инвестициите, како и за можноста за аплицирање која е во тек.