Меѓу петте најголеми економии во еврозоната, во Германија, Франција и Италија во второто тромесечје од оваа година се заострени критериумите при кредитирањето на компаниите.
Во еврозоната, банките ги зајакнаа условите за кредити за компаниите и граѓаните, покажаа кварталните резултати од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ).
Во периодот од април до јуни 2019. година, заемодавците ги заостриле барањата при одобрување на кредити за компаниите, покажаа резултатите од кварталното истражување спроведено во 144 банки во еврозоната.
Меѓу петте најголеми економии во еврозоната, во Германија, Франција и Италија во второто тромесечје од оваа година се заострени критериумите при кредитирањето на компаниите, додека во Шпанија истите останаа непроменети, а пак во Холандија се намалени.
Во меѓувреме условите кај хипотекарните кредити во еврозоната во просек остануваат непроменети во споредба со првиот квартал.
– Слабата толеранција на овие ризици, кај овие кредити на компаниите, перцепцијата за зголемен ризик, проследен со поголемиот трошок од изворот на средства и билансните ограничувања, допринесоа за заострување на кредитните услови во различни категории на кредити – стои во коментарот од ЕЦБ.